Во период од 10 до 16 октомври Центарот за јавно здравје Охрид извршил 147 тестирања за присуство на COVID-19 во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа.

Од вкупно земените материјали, во овој период, лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 79 лица и тоа кај 42 лица од општина Охрид, кај 27 лица од општина Струга и кај 10 лица од општина Дебар. Оздравени се 6 лице од Охрид, 6 лица од Струга и 1 лице од Дебар, а починале 3 лица од општина Струга. Активни случаи во Охрид се 78, во Струга 69, а во Дебар 43. – информира Центарот за јавно здравје Охрид

Актуелна состојба со Ковид 19 во регионот

Од почетокот на епидемијата до 16 октомври лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 1533 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 496 лица во општина Охрид и Дебрца, 735 лице во општина Струга и Вевчани и 302 лица во општина Дебар и Центар Жупа. Оздравени пациенти од Охрид се 397, од Струга 598, а од Дебар и Центар Жупа 244 пациенти Од општина Охрид и Дебарца има 21 починати пациенти, од општина Струга се починати 68, а од Дебар и Центар Жупа се починати 15 лица, соопшти Центарот за јавно здравје Охрид.

OhridNews