Во последните 24 часа од направени 3.148 тестови регистрирани се 370 нови случаи на КОВИД-19, од кои 51 реинфекција, како и 391 оздравени пациенти и три починати лица, информира Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Од новите случаи најмногу има во Скопје 225, Битола 24, Прилеп 23, Кавадарци 14 и Куманово и Велес со по 11. Следат Тетово со 9, Охрид и Кичево по 6, Гостивар 5, Струмица, Штип и Ресен по 4, Неготино 3, Кочани, Гевгелија, Дебар, Крушево, Македонски Брод и Демир Капија по 2 и Струга, Радовиш, Крива Паланка, Берово, Валандово, Богданци, Кратово, Демир Хисар и Пехчево по 1.

Во Охрид активни се 59 случаи. Од вкупниот број на позитивни (370), регистрирана е 51 реинфекција.

Од регистрираните 391 оздравени пациенти од Охрид се 8.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се три починати лица: по едно починато лице од Скопје (72г), Велес (74г) и Охрид (64г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени уште седум починати лица од Тетово (1), Битола (1), Куманово (1), Крива Паланка (1), Струмица (1), Прилеп (1) и Ресен (1). Починатите лица се на возраст од 37 до 89 години. Лицата за починати се пријавени во период од 03.02. до 02.03.2022. Од пријавените лица 3 лица се починати во домашни услови, а 4 во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица, кај 9 лица се регистрирани коморбидитети.

OhridNews