Во последните 24 часа се регистрирани нови 292 случаи на КОВИД-19, од направени 2.410 тестови. Оздравени се 303 пациенти, а починале две лица, соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Од новите случаи, во Скопје се 140, Битола 21, Куманово 18, Велес 16, Прилеп 14, Тетово 13, Кавдарци 12, Гостивар, Охрид, Штип, Струмица, Кичево, Кочани, Гевгелија и Крива Паланка по 5, Виница 4, Струга и Демир Хисар по 2 и Неготино, Свети Николе, Радовиш, Дебар, Берово, Валандово, Богданци, Кратово, Крушево и Демир Капија по 1.
Од вкупниот број на позитивни (292), регистрирани се 45 реинфекции.
Регистрирани сe 303 оздравени пациенти од: Скопје – 168, Куманово – 25, Битола – 15, Кавадарци – 14, Тетово – 13, Велес – 11, Прилеп – 8, Гостивар, Кичево и Крива Паланка – по 5, Струмица, Гевгелија и Дебар – по 4, Штип, Кочани и Сруга – по 3, Неготино, Свети Николе, Берово и Ресен – по 2, Охрид, Виница, Демир Хисар, Валандово и Богданци – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 2 починати лица од Крушево (85г) и Кавадарци (67г). Пријавените лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин,дополнително се пријавени 5 починати лица од: Скопје (2), Прилеп (1), Битола (1), и Дебар (1). Починатите лица се на возраст од 45г. до 85г. Лицата се починати во период од 24.02. до 07.03.2022. Од пријавените починати лица, 4 се починати во болнички услови и едно лице е починато во домашни услови. Сите починати лица (седум), се со регистрирани коморбидитети.
OhridNews