Регистрирани се 227 нови случаи на Ковид-19, покажуваат податоците од Институтот за јавно здравје за изминатите 24 часа во кои се направени 2 595 тестирања. Регистрирани се и 111 оздравени пациенти, и 15 починати. Од Министерството за здравство информираат дека од вкупниот број новозаразени, најмногу има во Скопје – 128, потоа Куманово – 15, Прилеп – 12, Штип – 11, Крива Паланка – 9, Кавадарци – 8, Битола и Свети Николе – по 6, Охрид, Струмица и Неготино – по 5, Велес и Пробиштип – по 4, Тетово – 3, Гевгелија – 2, Кочани, Радовиш, Делчево и Виница – по 1.
Бројот на оздравени пациенти, пак, е најголем во Куманово – 27, потоа Гостивар – 15, Охрид – 12, Штип – 10, Прилеп – 7, Битола – 6, Скопје – 5, Кочани, Крива Паланка и Пробиштип – по 4, Кичево и Кратово – по 3, Велес, Радовиш и Берово – по 2, Тетово, Делчево, Виница, Демир Хисар и Пехчево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 15 починати лица: 6 починати лица од Скопје (75г,75г,70г,76г,64г и 64г), по едно починато лице од Прилеп (79г), Битола (88г), Велес (72г), Кавадарци (63г), Охрид (82), Штип (69г), Крива Паланка (41г), Пробиштип (86г), и Кратово (66). Од пријавени лица 14 се починати во болнички услови,а само едно лице е починато дома.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 199 766, бројот на оздравени пациенти е 186 322, починати 7 051, а бројот на активни случаи изнесува 6.393.
OhridNews