Во текот на изминатото деноноќие (28/29.04.2020 година), за време на спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус КОВИД-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, три лица не ја почитувале забраната за движење (Дебар-2, Кичево-1). Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Во истиот период, не се евидентирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

На подрачјето на СВР Охрид, моментно, евидентирани се вкупно 69 лица во изолација (Охрид-46, Струга-23). Од страна на полициски службеници извршени се 54 контроли врз лицата во изолација (Охрид-46, Струга-8).

Вкупниот број на лицата во самоизолација, во моментов, изнесува 287 лица (Охрид-32, Струга-240, Кичево-5, Дебар-10). Врз овие лица, извршени се 124 контроли (Охрид-25, Струга-84, Кичево-5, Дебар-10). Полициските службеници извршија 60 контроли на угостителски и други објекти.

OhridNews