Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 5.834 тестови, а регистрирани се 1.908 нови случаи со КОВИД-19, 22 починати и 1.129 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Од 1.908 новозаболени во Скопје се 972, Кавадарци 112, Куманово 111, Битола 105, Велес 62, Тетово 58, Прилеп 54, Неготино 46, Струмица 45, Охрид 43, Гостивар 34, Гевгелија 30, Штип 27, Кичево и Кочани по 24, Радовиш 22, Ресен 21, Валандово 17, Крива Паланка 16, Струга 15, Свети Николе 12, Берово и Богданци по 10, Делчево 9, Виница 5, Демир Капија и Пехчево по 4, Дебар, Пробиштип и Македонски Брод по 3, Кратово, Крушево и Македонска Каменица по 2 и Дојран 1.
Регистрирани сe 1.129 оздравени пациенти од нив во Охрид 26, а aктивни се 384. Од вкупниот број на позитивни, 1.908, регистрирани се 254 реинфекции.
Од 22 починати пет се од Скопје (53г, 69г, 69г, 75г и 75г), по двајца од Битола (74г и 85г), Велес (68г и 93г), Куманово ( 78г и 82г ) и Свети Николе ( 52г и 78г) и по едно починат од Кавадарци (57г), Кичево (65г), Македонски Брод (60г), Неготино (73г), Охрид (65г), Прилеп (82г), Радовиш (81г), Ресен (63г) и Струга (83г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, пријавени се четири починати лица од Делчево (2), Скопје (1) и Пробиштип (1) на возраст од 56г до 79г. Пријавените се починати во период од 04.01.2022 до 26.01.2022г. Од пријавените лица две се починати во болнички услови, а две лица во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица, 26, седум лица се целосно вакцинирани, а кај 19 се регистрирани коморбидитети.
OhridNews