Според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, моментно во изолација се 109 лица (Охрид-43, Струга-45, Кичево-21), информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Врз нив, полициски службеници извршиле вкупно 69 контроли. Во самоизолација, моментно се регистрирани вкупно 38 лица (Охрид-20, Струга-12, Кичево-1, Дебар-5). Врз овие лица, извршени се 18 контроли. Воедно, полициските службеници самостојно но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 150 контроли врз угостителски и други објекти (Охрид-47, Струга-30, Кичево-58, Дебар-15).
Во периодот 30/31.05.2020 година, полициските службеници, издале 308 прекршочни налози на физички лица за сторен прекршок спротивен на уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето (Охрид-146, Струга-94, Кичево-39, Дебар-29).
OhridNews