Во период од 03 до 09 октомври Центарот за јавно здравје Охрид извршил 134 тестови за присуство на Ковид 19 во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, кои се анализирани во лабораториите на Институтот за јавно здравје Скопје.
Од вкупно тестираните лица во сите лаборатории во овој период, дијагностицирано е присуство на Ковид 19 кај вкупно 60 лица и тоа кај 22 лица од општина Охрид, кај 32 лица од општина Струга и кај 5 лица од општина Дебар. Во овој период оздравени се 14 лица од Охрид, 22 од Струга и 3 лицa од Дебар. Починати се 1 лице од Охрид и 4 лица од општина Струга. Активни случаи во Охрид се 42, во Струга 51, а во Дебар 34. – информира Центарот за јавно здравје Охрид.
Од почетокот на епидемијата до 9 октомври лабораториски е дијагностицирано присуство на Ковид 19 кај вкупно 1454 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 454 лица во општина Охрид и Дебрца, 708 лице во општина Струга и Вевчани и 292 лица во општина Дебар и Центар Жупа. Оздравени пациенти од Охрид се 391, од Струга 592, а од Дебар и Центар Жупа 243 пациенти. Во општина Охрид и Дебарца има 21 починат пациент, во Струга 65, а во Дебар и Центар Жупа се починати 15 лица, соопшти Центарот за јавно здравје Охрид.
OhridNews