Нови 1493 заразени со КОВИД-19 од 4986 направени тестови и 31 починат се регистрирани во изминатите 24 часа. Дополнително се пријавени уште осум починати од коронавирус, за периодот од 26 до 31 јануари преку „Мој термин“, соопшти Министерството за здравство. Од новите дијагностицирани, 191 се реинфекции и една втора реинфекција.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во Скопје се 720 новозаразени, Битола – 90, Куманово – 87, Кавадарци – 72, Тетово – 54, Струмица – 44, Прилеп – 43, Велес – 41, Охрид – 40, Штип – 32, Гостивар – 31, Свети Николе – 25, Неготино – 24, Гевгелија – 23, Кичево и Струга по 19, Ресен и Радовиш по 16, Кочани и Валандово по 13 нови случаи, Богданци – 11, Македонски Брод – 10, Крива Паланка – девет, Демир Хисар – осум, Дебар, Виница и Кратово по пет, Берово, Крушево и Македонска Каменица по четири, Делчево – три, Демир Капија – два и еден новозаразен во Дојран.
Во изминатото деноноќие се регистрирани 2652 оздравени пациенти – од Охрид – 27. Во моментов во Охрид активни се 316 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е 31 починато лице: седум од Скопје (64г, 68г, 69г, 72г, 73г, 74г и 79г), пет починати лица од Куманово (60г, 65г, 71г, 77г и 78г), по три починати лица од Охрид (74г, 75г и 84г) и Струмица (58г, 73г и 75г), по две починати лица од Тетово (65г и 83г), Прилеп (79г и 84г) и Битола (75г и 79г) и по едно починато лице од Струга (72г), Пробиштип (63г), Кавадарци (78г), Крива Паланка (76г), Кичево (74г), Гостивар (75г) и Виница (67г). Сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој термин“, пријавени се дополнително осум починати лица – две во Кичево и по еден починат во Штип, Скопје, Делчево, Куманово, Струга и Гевгелија. Починатите се на возраст од 63 до 82 години Од пријавените лица, две се починати во болнички услови и шест лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 26 до 31 јануари 2022.
Од вкупниот број починати лица (39), седум лица се целосно вакцинирани, а кај сите се регистрирани коморбидитети.