Во текот на изминатото деноноќие (02/03.05.2020 година), за време на спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус КОВИД-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, три лица во Дебар не ја почитувале забраната за движење.

  • Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Во истиот период, не се регистрирани кражби и сообраќајни незгоди, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

На подрачјето на СВР Охрид, моментно, евидентирани се вкупно 82 лица во изолација од кои 38 во Охрид, 44 во Струга, врз кои е извршена редовна контрола од страна на полициски службеници.

Вкупниот број на лицата во самоизолација, во моментов изнесува 63 лица, од кои 33 во Охрид, 24 во Струга.

Полициските службеници извршија 94 контроли на угостителски и други објекти.

OhridNews