Во последните 24 часа се направени 7.452 тестирањe, а регистрирани се 978 нови случаи на КОВИД-19. Од нив во Скопје – 405, Тетово – 72, Струмица – 66, Куманово – 55, Гостивар – 48, Кичево – 40, Штип – 37, Струга – 31, Охрид – 28, Битола – 27, Прилеп – 25, Велес – 24, Кавадарци – 21, Дебар – 17, Радовиш – 13, Ресен и Пробиштип – по 8, Кочани, Свети Николе и Кратово – по 7, Неготино – 6, Македонска Каменица – 5, Делчево и Виница – по 4, Гевгелија и Берово – по 3, Богданци и Македонски Брод – по 2, Крива Паланка, Валандово и Демир Хисар – по 1.
Пријавени се 24 починати лица: 6 починати лица од Скопје ( 82г, 74г, 69г, 65г, 63г, 57г), 4 починати лица од Тетово ( 68г, 59г, 58г, 39г), 3 починати лица од Струмица ( 73г, 67г, 65г),по 2 починати лица од Велес(78г и 39г) , Гостивар (64г и 64г) и Охрид (74г и 70г), и по едно починато лице од Куманово (73г), Битола (70г) , Струга (57г), Кочани (79г) и Дебар (77г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.145.081 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 174.667, бројката на оздравени пациенти е 154.698, на починати е 5.842, а бројот на активни случаи изнесува 14.127.
OhridNews