Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 4.015 тестирања, а регистрирани се 365 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во Скопје – 183, Охрид – 24, Штип – 20, Струмица – 19, Куманово – 15, Прилеп – 14, Тетово и Велес – по 13, Битола и Кавадарци – по 11, Свети Николе– 7, Кочани, Гевгелија и Ресен – по 5, Кичево – 4, Крива Паланка – 3, Гостивар, Струга, Радовиш и Пробиштип – по 2, Неготино, Делчево, Виница, Кратово и Македонски Брод – по 1. Во Охрид активни 668 случаи.

Регистрирани сe 551 оздравен пациент од: Скопје – 212, Тетово – 53, Куманово и Гостивар – по 46, Кичево – 38, Струга – 25, Охрид – 19, Битола – 13, Прилеп и Кавадарци – по 12,Струмица, Штип и Свети Николе – по 9, Кочани – 8, Велес, Ресен и Дебар – по 5, Крива Паланка, Виница, Пробиштип, Валандово и Кратово – по 3, Неготино, Берово, Македонски Брод и Пехчево – по 2, Гевгелија и Богданци – по 1.

Пријавени се 23 починати лица и тоа осум од Скопје на возраст од 89, 88, 78, 77, 77, 66 и две лица на 60 години, три починати лица од Велес на возраст од 62, 59 и 59 години, по две починати лица од Куманово на возраст од 75 и 63 години и Кавадарци на возраст од 72 и 65 години, по едно починато лице од Тетово на 67 години, Прилеп на 75 години, Битола на 95 годни, Струмица на 87 години, Штип на 45 години, Струга на 62 години, Свети Николе на 66 години и Радовиш на 63 годишна возраст.

Од пријавените 23 лица, 20 се починати во болнички услови, а три лица се починати во домашни услови.

OhridNews