Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.197 тестови, а регистрирани се 711 нови случаи со КОВИД-19, 22 починати и 7.170 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Од 711 новозаболени од Скопје се 505, Кавадарци 30, Струмица 26, Куманово 25, Охрид 21, Битола и Штип по 17, Прилеп 12, Струга и Гевгелија по 9, Тетово 7, Велес 5, Гостивар, Неготино и Богданци по 4, Делчево 3, Кочани, Пробиштип и Демир Капија по 2, Кичево, Свети Николе, Ресен, Крива Паланка, Берово, Македонски Брод и Дојран по 1.
Од вкупниот број на позитивни (711), регистрирани се 84 реинфекции.
Од 22 починати, 10 се од Скопје (49г, 52г, 59г, 62г, 67г, 68г, 70г, 71г, 85г и 87г), по двајца од Гевгелија (67г и 75г), Охрид (79г и 86г) и Струга (73г, и 74г) и по еден починат од Битола (84г), Делчево (75г), Кичево (86г), Кратово (29г), Неготино (56г) и Струмица (82г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Од 7.170 оздравени пациенти од Скопје се 3.633, Битола 602, Куманово 309, Кавадарци 284, Прилеп 230, Тетово 191, Охрид 177, Штип 175, Велес 174, Гевгелија 159, Струмица 147, Гостивар 134, Кичево 120, Кочани 98, Ресен 94, Радовиш 88, Неготино 87, Струга 86, Делчево 65, Валандово 56, Свети Николе 51, Богданци 31, Демир Хисар 29, Крива Паланка 28, Крушево 25, Македонска Каменица 18, Пробиштип 17, Берово 16, Дебар 10, Виница 8, Демир Капија, Македонски Брод и Кратово по 7, Дојран 4 и Пехчево 3.
Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, пријавени се дополнително четири починати лица, Кичево (2), Валандово (1) и Тетово (1). Починатите се на возраст од 56г до 81г. Пријавените лица се починати во домашни услови, во период од 26.01.2022 -27.01.2022г.
Од вкупниот број на починати лица (n=26), 14 лица се целосно вакцинирани, а кај сите се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.788.251 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 268.901, бројот на оздравени пациенти е 246.864, на починати е 8.409, а на активни случаи изнесува 13.628.
OhridNews