Регистрирани се 718 нови случаи на КОВИД-19 од направени 3.044 тестирања, согласно податоците од Институтот за јавно здравје за последните 24 часа. Регистрирани се 95 реинфекции.

Како што информира Министерството за здравство, најмногу новизаразени има во Скопје – 505, по што следат Битола – 30, Куманово – 29, Прилеп – 26, Кавадарци – 23, Гевгелија – 14, Велес – 10, Гостивар и Струмица – по 8, Тетово – 7, Штип, Кичево и Делчево – по 6, Неготино и Ресен – по 5, Струга, Богданци и Демир Хисар – по 4, Свети Николе и Радовиш – по три, Охрид, Крива Паланка и Дебар – по два, Кочани, Валандово, Пробиштип, Кратово, Крушево и Македонска Каменица – по еден.

Оздравени се 1.244 пациенти, а пријавени се 14 починати лица, сите починати во болнички услови. Тројца од починатите се од Скопје (68г, 83г и 84г), двајца од Охрид (80г и 84г) и по едно починато лице има од Битола (90г), Делчево (80г), Демир Капија (87г), Кавадарци (70г), Кратово (58г), Крива Паланка (73г), Неготино (79г), Прилеп (69г) и Радовиш (63г).

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој термин“, пријавени се осум починати лица. Од Скопје тројца и по едно починато лице од Гостивар, Дебар, Кавадарци, Кичево и Тетово на возраст од 54 до 80 години. Пријавените се починати во период од 12 до 22 јануари. Тројца се починати во домашни услови, а пет лица во болнички услови.

Од вкупниот број на починати (22), девет лица се целосно вакцинирани, а кај 18 се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.749.733 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 256.996, бројот на оздравени пациенти е 228.736, на починати е 8.240, а бројот на активни случаи изнесува 20.020.

OhridNews