Во последните 24 часа од 3.608 тестирања, регистрирани се 377 нови случаи на Ковид-19, од кои 164 во Скопје. Новозаразените се од Скопје – 164, Кавадарци – 31, Прилеп – 30, Битола – 24, Охрид – 16, Велес – 15, Куманово – 11, Штип – 10, Кичево – девет, Тетово – седум, Струмица и Крива Паланка – по шест, Радовиш и Валандово – по пет, Гостивар, Гевгелија, Неготино, Делчево и Богданци – по четири, Свети Николе, Ресен и Кратово – по три, Кочани, Македонски Брод и Македонска Каменица – по два, Струга, Пробиштип и Крушево – по еден.

Оздравени се 307 пациенти, од нив во Охрид 23 лица.

Починале 12 лица, од кои пет лица од починатите се од Скопје на 63, 82, 85, 85 и 87-годишна возраст и по едно починато лице од Куманово (61г), Охрид (58г), Битола (67г), Штип (66г), Струмица (62г), Крива Паланка (78г) и Виница (69г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице со датум на смрт 6 декември 2021. Регистрираното починато лице е од Скопје на возраст од 92 години. Лицето е починато во болнички услови.

Според епидемиолошки анализи во моментов, во Охрид активни се 201.

OhridNews