Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.747 тестирања, а регистрирани се 491 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 232, Куманово – 41, Штип – 26, Велес – 20, Битола – 19, Охрид – 17, Кавадарци – 16, Прилеп – 15, Струмица – 14, Свети Николе и Кратово – по 10, Кочани и Радовиш – по 8, Гостивар и Кичево – по 7, Гевгелија и Валандово – по 6, Струга и Берово – по 5, Ресен – 4, Тетово и Пробиштип – по 3, Крива Паланка, Виница и Демир Хисар – по 2, Неготино, Делчево и Македонски Брод – по 1.
Регистрирани сe 416 оздравени пациенти, од нив 2 од Охрид.


Починале 16 лица: 8 починати лица од Скопје (88г, 82г, 82г, 76г, 72г, 72г, 71г и 64г), 3 починати лица од Куманово (80г, 71г и 65г) и по едно починато лице од Струмица (71г), Тетово (61г), Охрид (85г), Штип (86г) и Берово (45г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 6 лица, со датум на смрт во период од 14.09.2021 до 20.09.2021 година. Овие починати лица се: по 2 од Скопје и Штип и по едно починато лице од Струга и Кичево. Починатите се на возраст од 54-83 години, од кои 3 лица починале во болнички услови, додека 3 лица се починати во домашни услови.

OhridNews