Во период од 27 јуни до 03 јули Центарот за јавно здравје Охрид зел материјали за тестирање на присуство на COVID-19 од вкупно 280 лица, 129 во општина Охрид и Дебрца, 114 во општина Струга и Вевчани, а во општина Дебар и Центар Жупа од 37 лицa.
Од вкупно земените материјали, 176 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај) (Охрид и Дебрца 73, Струга и Вевчани 66, Дебар и Центар Жупа 37), а 104 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН (Охрид и Дебрца 56, Струга и Вевчани 48, Дебар и Центар Жупа 0). Од тестираните лица во овој период лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај 50 лица од општина Охрид, кај 52 лица од општина Струга и кај 13 лица од општина Дебар. – информира во неделниот билтен Центарот за јавно здравје Охрид.
Во Охрид 75 пациенти се на домашно лекување, во Струга 78 пациенти, а во Дебар 10 пациенти. Активни случаи во Охрид се 161, во Струга 148, а во Дебар 51. Во овој период оздравени се 9 лица од Охрид, 10 лица од Струга и 4 лица од Дебар. Во овој период починати се 7 лица, едно од општина Охрид и шест лица од општина Струга.
Од почетокот на епидемијата до 03 јули лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 на вкупно 537 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои на 190 лица во општина Охрид и Дебрца, 245 лице во општина Струга и Вевчани и 103 лица во општина Дебар и Центар Жупа. Оздравени пациенти од Охрид се 29, од Струга се 97, а од Дебар и Центар Жупа се 52 пациенти. Во Охридско починати се 5 лица, во струшко 26, а во Дебар и Центар Жупа 4 лица. – соопштиЦентарот за јабно здравје Охрид.
OhridNews