Во последните 24 часа се направени 1384 тестирања, а регистрирани се 99 нови случаи на ковид-19. Најмногу нови случаи денеска има Скопје 33,по штп следи Охрид со 14,Куманово 7,Кочани 6…

Починати се 8 лица, два пациенти од Тетово (60г. и 71г.), од Делчево (78г.), Струга (63г.), Скопје (59г.), од Дебар (52г.) и два пациенти од Охрид (70г. и 94г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 214 оздравени пациенти, 2 во Охрид.

Досега во земјата се направени вкупно 159.387 тестирања на ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15226, бројката на оздравени пациенти е 12700, на починати е 631, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1895.

OhridNews