Повеќе од 200 експерти од областа на пазарот на капитал, еминентни претставници на финансиската индустрија, регулатори од Македонија и регионот учествуваат на 11-та Годишна конференција на Македонската берза за хартии од вредност што денеска и утре се одржува во Охрид.

На состанок ќе се сумираат состојбите со пазарот на капитал во услови на криза, со акцент врз идните мерки што ќе се преземаат за надминување на последиците од неа. Обраќајќи се до улесниците на конференцијата, Извршниот директор на Македонската берза на хартии од вредност, Иван Штерјов, истакна дека во амбиент на економскан и финансиска криза најмалку очекува да се разговара за причините за неа, нешто повеќе за последиците, а најмногу за предзивиците што да се преземе во оваа фаза од кризата или како да се продолжи после неа.


Претседателот на Комисијата за хартии од вредност, Марина Наќева-Кавракова, истакна дека во услови на нарушена доверба и ниска ликвидност, најсигурна иднина за берзите во мали економии каква што е македонската, е нивна интеграција со други берзи од регионот.
 
–  Сега треба да се размислува кон интеграција на пазарите на хартии од вредност во регионот, што ќе овозможи слободно движење на капиталот и услугите, посочи Наќева-Кавракова.


Експертите сметаат дека регионот и Македонија се уште силно ја чувствуваат кризата, која дополнително ја коммпликува неповолната финснсиска состојба во која се наоѓа јужниот сосед.

– Кризата во Грција веќе силно се одразува во Македонија каде има големи компании со грчки капитал кои се почесто профитот на име дивидента го повлекуваат во својата земја и тоа е ниормално да се прави во услови на криза, истакна академик Таки Фити.


Во своето обраќање пред учесниците, министерот за финансии Зоран Ставрески истакна дека единствениот одговор на Македонија на актуелната криза во соседството треба да се бара во продолжување на макроеконсомската стабилност, и продолжување на реформите за подобрување на бизнис-климата, за кои оцени дека се најдобрата препорака за странските и домашмните инвеститори кои умеат во вакви околности да направат дистинкција меѓу земји со стабилни услови од оние кои се соочуваат со макроекономски и должнички кризи.

Во рамките на дводневната Конференција по трет пат ќе бидат доделени и наградите „Најтранспарентно акционерско друштво“ и „Најдобра истражувачка сторија од областа на пазарот на хартии од вредност“.

OhridNews