Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.358 тестови, а регистрирани се 318 нови случаи со КОВИД-19, седум починати и 468 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Од 318 новозаболени од Скопје се 166, Битола 24, Велес и Прилеп по 18, Кичево 14, Куманово 12, Кавадраци и Охрид по 10, Ресен 9, Гостивар 6, Тетово 5, Дебар 4, Кочани, Гевгелија и Неготино по 3, Радовиш, Крива Палнака, Богданци и Демир Хисар по 2 и Штип, Струмица, Струга, Валандово и Виница – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (318), регистрирани се 43 реинфекции.
Од 468 оздравени пациенти од Скопје се 268, Куманово 24, Велес 22, Прилеп 21, Кавадарци 20, Битола 18, Тетово 16, Ресен 11, Кичево и Гевгелија по 10, Охрид, Гостивар и Штип по 6, Неготино и Струга по 5, Струмица 4, Кочани, Радовиш, Крива Паланка, Виница и Кратово по 2 и Богданци, Демир Хисар, Берово, Макендонски Брод, Демир Капија и Македонска Каменица по 1.
Од седумте починати три се од Скопје (73г, 84г и 87г) и по едно починато лице од Куманово (67г), Охрид (68г), Штип (71г) и Кавадарци (56г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени 6 починати лица од: Гевгелија(2), Струга(1), Неготино(1), Прилеп (1) и Велес (1). Починатите лица се на возраст од 58г. до 85г. Лицата се починати во период од 11.02. до 05.03.2022. Од пријавените починати лица, 2 се починати во болнички услови и 4 лица се починати во домашни услови. Сите починати лица (13), се со регистрирани коморбидитети.
OhridNews