Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.101 тестови, а регистрирани се 168 нови случаи со КОВИД-19 и 90 оздравени пациенти. Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 28 реинфекции.

Од 168 новозаболени од Скопје се 91, Битола 12, Кавадарци, Тетово и Охрид по 10, Велес 9, Прилеп 5, Штип и Струмица по 3, Куманово, Гостивар, Струга, Ресен и Крушево по 2, Кочани, Неготино, Радовиш, Крива Паланка и Дебар по 1.

Од 90 оздравени пациенти од Скопје се 59, Куманово и Битола по 7, Охрид 5, Кавадарци и Штип по 3, Прилеп, Тетово, Велес, Гостивар, Кичево и Ресен по 1.

Во моментов во Охрид активни се 42 случаи и со тоа Охрид е втор град веднаш зад Скопје (395) по број на активни случаи.

Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“ не се регистрирани починати лица, соопшти Министерството за здравство.

OhridNews