Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.430 тестови, а регистрирани се 294 нови случаи со КОВИД-19, шест починати и 235 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Од 294 новозаболени од Скопје се 149, Битола 36, Прилеп 20, Кавадарци 17, Велес 11, Охрид 10, Куманово 8, Струга 7, Кичево 6, Неготино, Ресен и Делчево по 4, Штип и Кочани по 3, Тетово, Крива Паланка, Дебар и Берово по 2 и Струмица, Свети Николе, Виница и Демир Хисар по 1.
Од вкупниот број на позитивни (294), регистрирана е 41 реинфекција.
Регистрирани сe 235 оздравени пациенти од: Скопје се 149, Битола 25, Кавадарци 14, Куманово 8, Прилеп 6, Гевгелија 5, Струмица и Кичево по 4, Гостивар, Кочани и Делчево по 3, Тетово, Велес и Охрид по 2 и Ресен, Валандово, Виница, Крушево и Македонкса Каменица по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани две починати лица од: по едно починато лице од Скопје (70г) и Ресен (78г). Сите лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 4 починати лица, од Скопје (1), Кичево (1), Штип (1) и Кочани (1), на возраст од 74 до 82 години. Пријавените лица се починати во период од 22.03. до 25.03.2022 година. Од пријавените лица едно е починато во болнички услови, а 3 лица се починати во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица ( 6 ), кај сите лица се регистрирани коморбидитети.
OhridNews