Во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид денес се одржа втората обука за користење на противпожарна опрема и правилен начин на евакуација.
Од училиштето информираат дека учениците од IV година имале можност одблиску да научат како се спречува почетен пожар и како правилно да реагираат во итни ситуации.
Упатуваат голема благодарност до Противпожарната служба – Охрид за нивната посветеност и поддршка во едукацијата на младите.
OhridNews