Поради најавата на високи температури во наредните денови Охридскиот Црвен крст во соработка со “ИЛИНА” на 3 пункта низ Охрид, додека траат екстремните горештини,  ќе дели вода на минувачите, а медицински екипи ќе вршат мерење на крвен притисок и ќе интервенираат доколку за тоа има потреба. Акцијата ќе се одвива кај новата автобуска станица, кај Макси Д-Минимаркет и кај Тинекс.

Од Црвен крст од Охрид препорачуваат, граѓаните без неопходна потреба да не излегуваат на сонце, а доколку тоа го прават, да се заштитат со тенка светла облека, капа и заштитна крема. За време на периодот на високите температури се препорачува и користење на што повеќе негазирани сокови и вода.

OhridNews