Традиционално пред празникот Св. Петка, во Велгошти вечерва ќе се одигра финалето на 17 издание на турнирот во мал фудбал. Се среќаваат екипите на „АСП ПАК“ и „Ресторан Станица и Викса Пром“.
Битката за медали почнува во 21 часот со натпреварот за третото место во кој се среќаваат Васко Речксоки и Сатеска од Волино.
Финалето помеѓу „АСП ПАК“ и „Ресторан Станица и Викса Пром“ почнува во 22 часот.
Наградниот фонд на турнирот во мал фудбал “Велгошти 2022” изнесува 150.000 денари:
1 место – 90.000ден.
2 место – 40.000ден.
3 место – 15.000ден.
По завршување на финалната средба ќе бидат доделени пехарите на најдобрите екипи и играчи на турнирот во Велгошти.
OhridNews