– После смртта на едно дете пациент, кое чека лекување во странство, настанува скандал и младиот доктор Никола за да го избегне притисокот е приморан оди на посета кај дедо му, каде што не бил повеќе од 10 години и таму се среќава со проблемите од неговото минато…
Ова накратко е најавата на долгометражниот филм на охридскиот режисер Илија Пиперкоски, кој премиерно ќе биде прикажан на 6 декември. Во очи премиерата, објавен е трејлер кој го најавува новото филмско остварување на Пиперкоски.
Дедо и Внук – trailer – Grandfather and Grandson
– После смртта на едно дете пациент, кое чека лекување во странство, настанува скандал и младиот доктор Никола за да го избегне притисокот е приморан оди на посета кај дедо му, каде што не бил повеќе од 10 години и таму се среќава со проблемите од неговото минато.
Geplaatst door Grandfather and Grandson op Vrijdag 29 november 2019
Главните улоги во филмот ги толкуваат Дејан Лилиќ, Салаетин Билал, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов и други актери, меѓу кои се истакна и тогаш 12-годишниот охриѓанец Наум Цветкоски.
Филмот започна да се снима кон средината на април 2017 година и е единствениот долгометражен игран филм во македонската кинематографија, по филмот на Димитрие Османли „Мирно лето“, кој е целосно снимен во Охрид.
OhridNews