Утре и задутре во Њујорк, медијаторот Метју Нимиц ќе одржи нова рунда разговори со преговарачите Адамантиос Василакис и Зоран Јолевски, околу спорот за името кој го водат Македонија и Грција.
Разговорите ќе се оставарат поединечно, додека за 30-ти јануари е закажана заедничка средба и обраќање пред јавноста. Според Нимиц, како напредок може да се дефинира тоа што секоја страна ги разбира грижите на оние од спротивната. Тој исто така изјави дека добиено е силно уверување, оти решавањето на проблемот е врвен приоритет на македонскиот државен врв.
Министерот за надворешни работи од земјава, Никола Поповски, неодамна истакна дека комуникацијата меѓу двата соседи треба да доведе до меѓусебно приближување и градење на клима на доверба и поддршка. Претседателот Ѓорге Иванов смета дека разговорите околу овој проблем, можат позитивно да завршат доколку двете страни искрено се заложат за тоа.
Средбата следува по неодамнешната посета на медијаторот во Скопје и Атина. Инаку, Нимиц во деценискиот спор е инволвиран од 1994-та година, сметајќи дека постои можност за креативност кај двете страни, како би се дошло до позитивен заклучок.
OhridNews