Сребрена статуа на фудбалерот Дејвид Бекам висока 3 метри е подигната на Менхетен со цел промоција на бреднот H&M, односно новата колекција на долна облека која 37 годишниот фудбалер ја лансирал во соработка со шведскиот бренд.

Многу сум радосен што на луѓето им се допаѓа мојата нова колекција, а првата сезона на колекцијата беше многу успешна” изјавил Бекам.

Оваа промотивна кампања на H&M по се изгледа дека ќе биде многу успешна поради фактот што статуата во Њујорк привлекува големо внимание и стана  вистински хит на социјалните мрежи. Слични статуи ќе бидат поставени пред продавниците на H&M во Лос Анџелес и Сан Франциско во текот на наредната недела.