Вкупно 1.111 жени од Нов Зеланд на различни локации поставија нов рекорд во истовремено јавно доење, објави „Women’s Health Action Trust“. Големата акција на доење го надмина ланскиот рекорд од 937 доилки во кафичи, книжарници, болници и амбуланти и ја обележа Светската недела на доење.
Портпаролката на акцијата Луис Џемс рекла:
„Тоа беше голем успех, покажавме дека мајките стекнаа сигурност кога е во прашање доење на јавно место“.