Во текот на месец ноември, пријавени се 9 случаи на ХИВ/СИДА во државава. Осум од пријавените лица се
со ХИВ, а едно лице со СИДА. Осум од пријавените лица се од машки пол, а едно лице е од женски пол, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје за движењето на акутните заразни заболувања во нашата земја.

Пет лица се од Скопје, и по едно лице од Гостивар, Охрид, Демир Капија и Делчево. Лицата се на возраст од 19-54 години. Три лица се хетеросексуалци, три лица припаѓаат на групата МСМ, две лица се бисексуалци, и за едно лице начинот на трансмисија е непознат, посочуваат во извештајот.

Во текот на месец ноември според извештајот не се регистрирани смртни случаи од ХИВ/СИДА.

Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи (заклучно со 30.11.2022), кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Р. Северна Македонија, за периодот 1987–2022, изнесува 583 од кои 123 лица починале, а 460 лица живее со ХИВ/СИДА.

OhridNews