Во акција што била спроведена на 23 септември во периодот помеѓу 04.00 до 16.00 часот во водите на Охридското Езеро, од вливот на река Сатеска до с.Радожда, струшко, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ и претставници од Државниот инспекторат за земјоделство – Охрид заплениле поголема количина незаконски уловена риба.
Пронајдени се 15 висечки рибарски мрежи со вкупна должина од 6000 метри со вкупен улов од 774 парчиња риба охридска белвица, во вкупна тежина од 80,5 килограми. Уловот бил предаден во Казнено-поправната установа Затвор Охрид, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.
OhridNews