Најмалку триесетина лица се повредени во силното невреме проследено со град што вчера го погоди регионот на Инџија- Србија, пренесе Радио-телевизија Војводина.

Претставници на локалната болница изјавиле дека се пријавиле триесетина лица со повреди на главите и екстремитетите кои биле погодени од парчињата мраз со големина на тениско топче.

Силното невреме проследено со град го зафатило регионот на Инџија, меѓу српската престолнината Белград и војводинскиот главен град Нови Сад, околу 23 часот предизвикал голема материјална штета на куќите и автомобилите.

Телевизиските репортери јавија дека речиси на секоја куќа во деловите од градот погодени со невремето се скршени прозорци или е оштетен покривот, а има и многу приватни автомобили со скршени стакла.

OhridNews
Makfaks