Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, во недела 12-ти јуни, со почеток во 20 часот, драмското студио „Миладин“ репризно ќе ја изведе театарската претстава „Кучиња“ од Миодраг Илиќ.

Во претставата улогите ги толкуваат: Кузман – Ристе Миладинов, Сименс (неговиот син) -Христијан Миладинов, Дамјан – Илија Ќосески, Ленка (негова ќерка) – Љубица Дуноска(Бубе), Крунослава (негова жена) – Наталија Смаќоска, Цветко (претприемач-инжинер) – Бојан Крстески, Мадам архитектка – Мартина Кочоска, Шваба – Петар Шипинкаровски.

Драматизација и режија – Ристе Миладинов, сценска и ликовна изведба – Јованчо Угреновиќ, музика и светло – Аца Наумовски, Костимографија – Колективна.

Влезот е 100 денари.

OhridNews