По повод празникот посветен на великомаченичките Св. Софија, Љубов, Вера и Надеж, во недела, 30-ти септември, во истоимената црквичка во населбата Лагадин крај Охрид, ќе се одржи голем црковно – народен собир.

Богослужбата по повод празникот, ќе започне во 13 часот.

Црквата во Лагадин пред 18 години ја изгради охриѓанецот Љупчо Патче по повод 2000 години од христијанството. Оттогаш секоја година на овој ден се организира заедничка прослава на именденот на сите охриѓани кои ги носат имињата на маченичките.

OhridNews