Во недела , на 27-ми октомври, во 13 часот свечено ќе биде отворена салата за танцување на студиото за танци „ Соната“ од Охрид која се наоѓа кај старата автобуска станица, во зградата на Ремис.
– Со тоа и Охрид ќе добие современа сала за танцување каде љубителите на танцот ќе може да уживаат изучувајќи ги класичниот и модерен балет, стандардните и латиноамериканските танци, хип-хопот, салсата, зумбата и уште многу други танци, велат од „Соната“.
Студиото „ Соната“ постои веќе 6 години. На сцената во Центарот за култура досега ја имаат поставено балетската претстава “Снежна и седумте џуџиња“, претставата “Прозбори- дрогата убива“ која претставува мешавина на хип хоп, модерен балет и реге, како и проектот “Како ми го уништија детството“ поддржан од Црвениот крст преку ЦКА ПХВ програмата поддржана од Министерството за образование и Бирото за развој на образованието.
Како свој најголем успех ги сметаат двете освоени први места на интернационален хип-хоп натпревар во Скопје.
OhridNews