По тој повод на 5-ти септември во 10 часот во црквата “Св.Никола-Геракомија” ќе се одржи Црковен помен за трагично загинатите.
Попладнето на местото каде се случи трагичниот настан, на плажата Елешец, делегации на општините Охрид, Антов и Пирдоп предводени од градоначалниците и членови на семејствата на загинатите ќе положат цвеќе. Делегациите и членовите на семејствата ќе положат свежо цвеќе и на Спомен-плочата на жртвите на бродската трагедија во градскиот парк.
На 5-ти септември 2009 година во 10.35 часот на околу 200 метри од брегот во близина на плажата Елешец потона бродот „Илинден“. Во несреќата загинаа 15 бугарски туристи. Истрагата траеше повеќе месеци и се очекува наскоро да започне судскиот процес за најголемата бродска несреќа во историјата на Охрид и Македонија.