ВМРО-ДПМНЕ изборната кампања традиционално ја започнува  од Охрид. Под мотото  “Македонија знае“ во недела на 11 Мај во 20 часот на плоштадот Свети Климент Охридски ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинг на кој ќе бидат претставени кандитатите за пратеници од коалицијата “За подобра Македонија“ и изборната програма “Преродба во 100 чекори – надградена и проширена“.

На митингот ќе се обрати лидерот на партијата, Никола Груевски, а предвидено е и да говорат претседателите на партиите од коалицијата За подобра Македонија.

ohridnews