Новоизградената црква „Света Петка“ во Св. Наум ќе биде осветена во недела, 17-ти октомври, информираат од Дебарско-кичевската епархија.

По повод осветувањето на црквата „Света Петка“, метох на манастирот „Свети Наум Охридски“, ќе се служи света архиерејска литургија со почеток во 9.45 часот, на која ќе чиноначалствува неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и митрополитот Брегалнички г. Иларион.

По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој свет чин.

OhridNews