На ден 13.10.2024 год. (недела) согласно Календарот за подигнување на селектиран отпад (хартија и картон, пластика и лименки) и реализација на проект за примарна селекција на комуналниот отпад од домаќинствата, Ј.П.„Охридски Комуналец” ќе ја реализира акцијата од определените улици: „Марко Нестороски“, „Васил Главинов“, „Крсте Мисирков“, „Питу Гули“ и „Ѓорче Петров“.

Се молат граѓаните од наведените улици да ја почитуваат динамиката од календарот, посочуваат од претпријатието.

OhridNews