Војната во Украина треба да заврши до мај, бидејќи Русија ќе остане без ресурси за продолжување на инвазијата, тврди советникот на украинскиот претседател Олексеј Арестович.
Повикувајќи се на видео објавено од неколку украински медиуми, Ројтерс известува дека Арестович вели дека точниот момент ќе зависи од тоа колку пари Кремљ е подготвен да посвети на воената кампања, пренесува Н1.
Мислам дека треба да имаме мировен договор најдоцна во мај, на почетокот на мај, можеби многу порано, ќе видиме, зборувам за најновите можни датуми. Сега сме на крстопат: или ќе се постигне мировен договор многу брзо, во рок од една или две недели, со повлекување на војниците и сè друго, или ќе се обидат да донесат некои, да речеме Сиријци за вториот круг и, кога и нив ќе ги совладаме, ќе се постигне договор, било да е тоа до средината на април или крајот на април, рече Арестович.
Целосно лудо сценарио може да вклучува Русија да испрати нови регрути по еден месец обука, оцени советникот.
OhridNews