Под засега неразјаснети околности, во пад од петти кат од кула во населбата „Хросто Узунов“ животот го загуби 37-годишната Виолета В. од Охрид.
Несреќата се случила околу 13:30 часот. Случајот го забележале очевидци кои веднаш повикале брза помош и полиција. Вработените од блиската приватна амбуланта први и укажале помош на тешко повредената, која по кратко време од падот била префрлена со возило на итната медицинска помош во општата болница во Охрид. По час и половина таа починала како последица од тешките телесни повреди и обилно внатрешно крварење.
На лице место веднаш излегле полиција истражен судија и заменик јавен обвинител. Истрагата треба да открие дали се работи за самоубиство, несреќен случај, или нешто друго.
ohridnews