Според прогнозите, во наредните три дена ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со услови за повремен локален дожд и повремен локален снег на планините. Од понеделник се очекува да настапи постабилно и посуво време со постепен пораст на дневната температура.
Утринската температура во Македонија ќе се движи од -7 до 3 степени, додека пак дневната ќе биде во интервал од -3 до 11 степени.
Во Охрид и околината се очекува слично време со минимална температура од 1 степен и максимална дневна до 11 степени.
OhridNews