Во наредните десет години би можел да се случи потрес со јачина иста како што во 2004 година ја погоди Суматра, и да предизвика цунами во индискиот океан. Тоа го тврди Владимир Кособоков од меѓународниот институт за предвидување на потресите и математичка геофизика во Москва.
Кособоков и неговите колеги развиле алгоритам со кој можат да се предвидат такви мегапотреси, како што ги нарекуваат научниците. Во годините во кои им претходат вакви потреси, 9.0 или повеќе, наводно се појавуваат исти причини на глобално ниво.
Така, на пример, расте бројот на потреси, предизвикани со придвижување на тектонските плочи на длабочина од 300 до 700 километри под површината, а почести се и потресите со магнитуда 8.0 или повеќе.
Во период од 12 годин светот бил погоден од 12 најголеми потреси во 20 век, изјавил Кособоков. Првиот од нив бил на островот Камчатка во Русија 1952 година, а се кулминирало со потресот со магнитуда 9.2 на островот нна Принцот Вилијам Соунд на Аљаска во 1864.