Околу 10 илјади шишиња црно вино „Шато Лафит Ротшилд“ биле пронајдени во една напуштена куќа во Кина. Според британските медиуми, полицијата треба да утврди дали виното, едно од најскапите црни вина на светот, е оригинално или лажно. Доколку се утврди дека е вистинско, вредноста на откриеното вино би изнесувала околу 16 милиони долари. Сопственикот на куќата, чиј идентитет не бил откриен, рекол дека во куќата не живее никој веќе девет години и дека не знае ништо за потенцијалното богатство.
Меѓутоа, бидејќи во Кина годишно се увезуваат само околу 50 илјади шишиња „Шато Лафит Ротшилд“, полицијата верува дека се фалсификат, па сега трага за илегалната винарија. Од март оваа година „Шато Лафит Ротшилд“ виното добило шест тужби против кинески компании за производство на лажно вино. „Шато Лафит Ротшилд“ е лозје во Франција во сопственост на семејството Роштилд уште од 19 век.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com