Хотелот Прора на островот Риген, најголемиот хотел на светот, бил купен на аукција за 2,2 милиони долари и сега е во фаза на преуредување и обнова. Хотелот се простира на пет километри и сите десет илјади соби имаат поглед на морето, но во нив никогаш не бил сместен ниту еден турист.

Хотелот бил изграден на балтичкиот остров Риген во 1930 година од страна на нацистите. Иако вредно го граделе шест години, нацистите никогаш не останале во него. По 1945 година бил окупиран од Црвената Армија, која планирала да го сруши, но бил спасен од недостатокот на експлозив.