Во знак на сеќавање на Мајкл Џексон следната година почнува изградбата на музеј во неговиот роден град Гери во сојузната држава Индијана. Во музејот посветен на кралот на попот ќе бидат вложени 250 милиони евра.
Се претпоставува дека музејот ќе биде посетен од 500 до 750 илјади негови обожаватели годишно. Во склоп на музејот ќе биде изграден и хотел со 300 соби, ресторани и терени за голф.