Несекојдневна сообраќајна несреќа се случи на патот Радобар кон Могила, јавува Тв Телма.

Откако изгубиле контрола на возилото, марка Лада Самара, кое се превртело, надојдените води од поплавите, ги повлекла заедно со возилото. За среќа тие успеале да го напуштат автомобилот кој пропаднал два и пол метри под вода. На помош дошле жителите од околните села но, не успеале да го извлечат автомобилоот. Новите врнежи од дожд и снег во Македонија, предизвикаа нови поплави во пелагонискиот регион. Најкритична е состојбата во Могила, каде се поплавени нивите и домовите на жителите.

OhridNews
Извор: Тв Телма