Денес во Младински Центар Охрид се одржа информативна сесија за Еразмус+ програмата, една од најпозитивните програми на Европската Унија, наменета за млади.

На информативната сесија претставниците од училиштата, професори и ученици, претставници на младински и невладини организации, како и млади индивидуалци ги дознаа можностите и продобивките за млади лица што ги нуди Еразмус+, велат од Младински Центар.

Посочуваат дека на сите прашања за можностите одговараа претставниците од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност која директно раководи со Програмата, а активност беше спроведена во соработка со Europe House Struga.

OhridNews