Македонската ракометна репрезентација отпатува за Белгија каде вечерва од 20 часот ќе го одигра заостанатиот кавалификациски натпревар за пласман на Европското првенство (ЕП) во Австрија 2010 година.

Македонија е во група со Исланд, Норвешка, Естонија и со Белгија и моментно е четврта, по три одиграни натпревари и со исто толку бодови.

Десеткувани црвено-жолтите ќе му се спротистават на аутсајдерот во нашата група. На паркетот ќе ги нема повредените Ванчо Димовски, Горан Ѓоргоноски, Стојанче Стоилов, Филип Миркуловски, Влатко Темелков, Владимир Митков и Наумче Мојсовски, кои беа дел од репрезентација која дојде до историското, 11. место на СП.

ohridnews