Во Министерството за финансии се очекува да се одржи состанок со увозниците на моторни возила по најавите за зголемување на данокот за увоз на автомобили.
Зголемувањето на данокот за дел од возилата е предвидено со измените на Уредбата за начинот на пресметка на данок на моторни возила, кој е изработен во рамки на проектот со Светска банка за унапредување на оданочувањето на моторни возила.
Увозниците на моторни возила велат дека ова ќе се одрази врз нивното работење и врз побарувачката на автомобили која е намалена после неколкуте светски кризи.
OhridNews